Македонската ракометна репрезентација со победа го почна Евопското првенство откако потешко од очекуваното ја победнивме Украина со 26:25.
Македонија одлично го отвори мечот, а во првото полувреме блескаше на голот на Никола Митревски со 10 одбрани. Нападот функционираше одлично, но во елемент беше и гостинскиот голман Комок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во 12-та минута Македонија дојде до три гола разлика 6:3, но Украинците потоа се доближаа до еден гол, а потоа Брестовац го стави Танкоски на местото на Кузмановски. Бекот на Металург со една асистенција и еден гол веднаш ја врати разликата на „плус три“. Во самиот финиш на првиот дел имавме можност да заминеме на пет гола предност, но не погодивме, па на одмор се замина со резултат 13:10.
#NorthMacedonia's ?? Kiril Lazarov is having a great game vs @Ukrainianhandba ?? ?#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/oDaUhWFcTI
— EHF EURO (@EHFEURO) January 10, 2020
Во вториот дел Македонија искусно ја одржуваше разликата, се до 42-та минута кога имаше период на мал пад на играта, па Украина дојде до еден гол разлика 21:20, а потоа во 50-та минута и до израмнување 22:22.
Во последните десет минути влеговме во неизвесна завршница, Манасков во клучните моменти постигна два гола, а Стоилов борбено изнуди седмерец и постигна гол, па во последните пет минути влеговме со два гола предност.
Потоа следуваа три извонредни одбрани на феноменалниот Митревски, но не реализиравме во нападот, па Гурковски израмни на 25:25 на неполна минута до крајот. Големата победа на Македонија ја донесе капитенот Кире Лазаров со гол во последната секудна.
Лазаров беше најефикасен во нашиот тим со 8 постиигнати гола, а на голот блескаше Митревски со 15 одбрани.