Манчестер Сити синоќа за прв пат во историјата стана шампион на Европа, а ден по големиот успех медиумите објавуваат вест која не е баш пријатна за ушите на тренерот на оваа екипа, Пеп Гвардиола.
Повторно еден гол го реши финалето во Лигата на шампионите, а синоќа во Истанбул токму голот на Родриго во 68. минута му донесе победа на Манчестер Сити против Интер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, само десет часа по големата прослава, странските медиуми објавија вест која воопшто нема да му се допадне на Пеп Гвардиола.
Имено, договорот на Илкај Гундоган истекува на крајот на овој месец. Пеп Гвардиола сака да го продолжи и да го задржи својот капитен, но се чини дека Германецот со турско потекло нема намера да го направи тоа.
Како што објавија, тој донел одлука да го напушти клубот откако ја освои тројната круна оваа сезона, а неговата следна дестинација ќе биде Барселона.
Шпански „Спорт“ пишува дека овој играч ќе биде претставен во Барселона и ќе потпише договор веќе оваа недела.
„Фудбалерот сака да слушне дали ќе биде важен, дали ќе игра, на која позиција. И кога разговарам со нив, имам чувство дека сите сакаат да дојдат во Барселона“, изјави Чави Ернандез на прашањето за доаѓањето на Гундоган.