Капитенот на Барселона, Лионел Меси не сака лично да разговара со претседателот на клубот Жосеп Бартомеу.
Врската помеѓу нив е прекината и Меси повеќе нема доверба во претседателот. Според „Кадена Сер“ Аргентинецот бил многу разочаран од еден потег на Бартомеу од пред една година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси лично го прашал Бартомеу дали ќе го купува Антоан Гризман, на што претседателот категирично одрекол. Во тој момент клаузулата на Французинот се уште изнесувала 200 милиони, па Бартомеу поради тоа не сакал да открива.
Меѓутоа, Меси се почуствувал навреден од претседателот, бидејќи тој лично инсистирал да се врати Нејмар, а не да биде доведен Гризман.
Барселона откако го купи Гризман водеше преговори со ПСЖ, но не успеа да најде заеднички јазик околу обештетувањето, а откриени е дека разликата била „само“ 20 милиони евра.
Утре или во четврток таткото на Меси ќе има состанок со Бартомеу, на кој само ќе ја потврди желбата на Лео да го напушти „Камп Ноу“ ова лето.