Tрите македонски претставници во Конференциската лига на УЕФА ги добија противниците во квалификациите за Конференциската лига.
Македонија Ѓорче Петров не беше носител во ждребот, па го добија најтешкиот предизвика, ќе се соочи со летонска Рига.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шкендија ќе патува во Велс на натпревар со Хаверфордвест, а во втората македонско-литванска пресметка по онаа на Струга со Жалгирис во квалификациите за ЛШ, ќе се сретнат Шкупи и Хегелман.
Првите дуели се играат на 13-ти јули, вторите седум дена подоцна.
Македонија ЃП (Македонија) – РФС Рига (Летонија),
Шкендија (Македонија) – Хаверфордвес (Велс)
Хегелман (Литванија) – Шкупи (Македонија)