Дома Фудбал Италија Кјелини до Бонучи: Се ќе разберам, ама Милан?

Кјелини до Бонучи: Се ќе разберам, ама Милан?

Иако нема фудбал, и натаму Калчото во Италија е во прв план.

Овој пат на Апенините се зборува за тоа кога ќе продолжи сезоната, но и за автобиографската книга која ја издаде Кјелини во која се опишува кариерата на стоперот на Јувентус.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За некои соиграчи немаше многу пофални зборови, Мело и Балотели вратија на критиките, додека Кјелини на пример го пофали Рамос за познатиот старт над САлах во фиалето на ЛШ.

Овој пат го сподели своето мислење и за изненадувачкиот трансфер на Бонучи во редовите на Милан во 2017. година.

„Неговата година во Милан беше различна. Тоа навистина беше погрешен избор. Не беше во мир со самиот себе. Беше потресен поради илјада причини и донесе одлука. Го почувствував тоа што се случи во тие две недели кога не се видовме. Сигурен сум, да бев тука, ќе го натерав да размисли и да остане. Истата работа се случи и со Конте во 2014. Секогаш заминуваат кога јас не сум тука. Зборував со Лео кога заврши се, нема логика од почетокот до крајот. Можев да разберам да заминеше во Реал Мадрид, но во Милан? Судбината сакаше да се врати како што беше.“ – стои во книгата на Кјелини.

Лео Бонучи помина само една сезона на Сан Сиро, а летото 2018. година повторно се врати во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …