Дома Фудбал Кутроне слета на аеродромот, дозна дека Милан го продаде, па следуваше нервозна реакција

Кутроне слета на аеродромот, дозна дека Милан го продаде, па следуваше нервозна реакција

На Кутроне воопшто не му се допадна што Милан одлучи да го продаде.

Младиот напаѓач денеска слета на миланскиот аеродром и беше доста нервозен поради тоа што се случуваше во последните неколку часа.

Кутроне со останатите играчи на Росонерите се наоѓаше во Бостон каде се одвиваа припремите за новата сезона, а денеска преку Франкфурт пристигна во Милано.

Италијанецот делуваше нервозно и не беше расположен да зборува пред камерите. Успеа да направи неколку фотографии со навивачите, нормално без насмевка.

Инаку, Милан се согласи играчот да го продаде на Волвс за 18 милиони евра, иако претходно за него бараше најмалку 25 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…