Дома Топ вести Крај на сагата: Кутињо се договори со Ливерпул

Крај на сагата: Кутињо се договори со Ливерпул

Изгледа дека сагата околу Кутињо добива свој крај. Бразилецот постигнал договор со Ливерпул.

Според информациите на Мирор, но и дел на шпанските медиуми, тој ќе остане до лето со „Црвените“, додека не пристигне Наби Кеита, но и добил ветување дека ќе биде продаден во Барселона. Сумата не се споменува, но би требало да не биде помала од 130 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Клоп ќе бара уште солуции за средниот ред, бидејќи и Емре Чан е на излезните врати на Енфилд.

Една од опциите кои ги нуди Јувентус е во договорот за трансфер на Чан да биде вклучен Клаудио Маркисио, кој е незадоволен од статусот во тимот.

Се на се, Клоп и Ливерпул ги очекува уште еден бурен трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…