Дома Фудбал Останато Кутињо откри детали: Суарез ми резервираше куќа до неговата и секогаш ми кажуваше убави работи за градот

Кутињо откри детали: Суарез ми резервираше куќа до неговата и секогаш ми кажуваше убави работи за градот

Ѕвездата на зимскиот преоден рок Фелипе Кутињо после потписот со Барселона проговори за својот трансфер вреден 160 милиони евра.

Кутињо откри и детал поради кои навивачите на Ливерпул веројатно ќе му се наултат на Луис Суарез кој некогаш беше миленик и херој на овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Токму Суарез е еден од најзаслужните што Кутињо се пресели на „Енфилд“. Суарез и Кутињо во Ливерпул поминаа заедно само една сезона, за сега повторно после пауза од четири години повторно ќе го носат дресот на ист клуб.

Англиските таблоиди пишуваат дека Суарез на претседателот на Барса му кажал дека не му треба смештај и хотел бидејќи тој веќе му резервирал куќа.

„Видов дека куќата до неговата беше на продажба. Не беше сигурен дали ќе примнам во Барселона, но идејата му се допадна. Знам дека Луис ќе ми помогне да се чуствувам како дома“, во истиот кварт живее и Лионел Меси.

Кутињо откри и дека често пати бил во контакт со Суарез во последните месеци.

„Ние сме добри пријатели. Секогаш ми пишуваше за градот, поради тоа уште повеќе сакав да дојдам“, додаде Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…