Дома Топ вести Кутињо: Ова за мене е посебен момент

Кутињо: Ова за мене е посебен момент

Бразилскиот фудбалер, Фелипе Кутињо синоќа го постигна првенецот за Барселона.

Во победата над Валенсија со резултат 2:0, Кутињо го постигна првиот погодок на натпреварот во 49. минута, само три минути откако влезе во игра. Вториот гол за Барселона е дело на Ракитиќ во 82. минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го постигнав првиот гол во дресот на Барселона и помогнав на екипата да влезе во финалето на Кралскиот куп, па така ова за мене е навистина посебен момент.“ – изјави Кутињо и додаде:

„Во финалињата секогаш е се можно, но уште сега можам да кажам дека со нетрпение го чекам. Имаме доволно време да се спремаме.“

Барселона во финалето на Кралскиот куп ќе игра против Севиља, што за Каталонците ќе биде пето финале по ред во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…