Дома Фудбал Кутињо даваше интервју, легендата дојде и потврди: Нема да оди во Барселона!

Кутињо даваше интервју, легендата дојде и потврди: Нема да оди во Барселона!

Ливерпул синоќа со високи 7:0 го победи Спартак во Лигата на шампиони, а ѕвезда на вечерта беше Филипе Кутињо кој постигна хет-трик.

После натпреварот Кутињо даваше интервју за англиските медиуми, а друштво му правеше легендата на „црвените“ Џејми Карагер.

Во еден момент на Карагер му заѕвони телефонот, а новинарот се пошегува „да не ѕвонат од Барселона“, алудирајќи на тоа дека Каталонците го сакаат Бразилецот.

На тоа Карагер веднаш одговори: „Не, тој нема да оди никаде, останува овде“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фросиноне го брка шестото место, Фиорентина бара излез од кризата

Со победа над Лече, Фросиноне може да се искачи на шестата позиција и да му се доближи на …