Дома Фудбал Куртоа: Спремни сме да се бориме за нашиот тренер!

Куртоа: Спремни сме да се бориме за нашиот тренер!

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа изјави дека тимот е подготвен да се бори за тренерот Антонио Конте за кого се почесто се шпекулира дека може да замине од „Стенфорд Бриџ“.

„Ние сме подготвени да се бориме за нашиот тренер. Конте има целосна поддршка од своите играчи. Ние сакаме да покажеме дека сме зад Конте и мислам дека победата над Вотфорд е добар почеток. Инаку, знаете што ќе се случеше ако не победивме и на овој меч. Секој менаџер ги следи сопствените принципи. Со Антонио ние главно работиме на тактиката и сме среќни со тоа“, изјави Куртоа.

Челзи после девет кола во Премиер лигата се наоѓа на 4-то место со 16 бода, девет помалку од лидерот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…