Дома Топ вести Куртоа сите патишта го водат во – Мадрид!

Куртоа сите патишта го водат во – Мадрид!

kurtoa

Се што се случува во последните две недели не наведува да размислуваме дека Тибо Куртоа би можел да премине во Реал Мадрид ова лето.

„Кралевите“ се обидуваа да го доведат Алисон во еден момент изгледаше како и се да е завршена работа и дека ќе го облече белиот дрес, но цената од 70 милиони евра се покажа како преголема пречка. Покрај тоа Рома после продажбата на Раџа Наинголан во Интер, немаше потреба од нова продажба.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Од друга страна, преговорите помеѓу Реал Мадрид и менаџерите на Куртоа наводно констатно се во тек и судејќи според се нема да има никакви проблеми да се договорат Куртоа и Реал. Проблемот е да се убеди Челзи.

Каква е ситуацијата кај „сините“?

Куртоа денес влегува во последната година од договорот, па така ова ќе биде последна шанса за Челзи да заработи на Куртоа. Во овој момент поради ситуацијата се споменува сума од 35 милиони евра.

Од друга страна, Реал е свесен дека и Атлетико Мадрид е заинтересиран и дека ја следи ситуацијата, па сака работата да ја заврши што побрзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…