Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, не крие дека сонува да ја освои тројната круна со својот тим оваа сезона.
Куртоа после неколку години се врати во Мадрид и го облече дресот на Реал, па поради тоа беше исвиркан на градското дерби викендов.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 2014 година, кога беше дел од Атлетико Мадрид, тој се исправи против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. На прашањето дали имало некои шеги во врска со ова, голманот објасни.
„Се разбира дека имаше некои шеги за тој финален натпревар. Отсекогаш сум давал се во себе, во кој тим и да сум. Сега ќе дадам се за Реал“.
„Не познавам ниту еден играч кој не сака да потпише за Реал Мадрид. Мене ми беше многу добро во Челзи, бев интегриран во клубот и соблекувалната беше фантастична. Немав никаков проблем, но кога ми се јави Реал Мадрид, не помислив ниту секунда. Кога ти се јавува Реал, значи дека ти се јавува најголемиот“, истакна Куртоа.
„Забележав дека сега сите гледаат на нас многу посериозно отколку што тоа беше случај во октомври. Ремизиравме со Барса, го победивме Атлетико, покажавме зошто Реал Мадрид мора не само да го почитуваат, туку и да се плашат од него. Мислам дека повторно сите се плашат од Реал, не само Ајакс, туку и сите станати екипи, кои би сакале да избегнат дуел со нас. Ние сме Реал и дефинитивно ќе одиме да ги освоиме сите трофеи сезонава“, заклучи Куртоа.