Голманот на белгиската фудбалска репрезентација и на Реал Мадрид, Тибо Куртоа изјави дека нема да игра за националниот тим се додека на селекторското место е Доменико Тедеско.
Куртоа очигледно има недоразбирања со Тедеско кои не можат да се надминат, па голманот одлучи да не се враќа во тимот додека на кормилото е Тедеско.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Би сакал да упатам апел до белгиските навивачи и навивачите на нашата репрезентација. Чувствувам голема љубов и гордост што ја претставувам мојата земја, како и секој од вас на теренот. Горд сум што го носам репрезентативниот дрес. Дури и во моите најлуди соништа не можев да замислам дека можам да го направам ова повеќе од 100 пати. За жал, по настаните со селекторот и по многу размислување, решив да не се враќам во белгиската репрезентација под негово водство. Во ова прашање го прифаќам мојот дел од одговорноста“, истакна Куртоа.
🚨⚪️ Thibaut Courtois: “I have decided not to return to the Belgian NT under this manager”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 22, 2024
“In this matter, I accept my share of responsibility”.
“However, looking forward, my lack of confidence in him would not contribute to maintaining the necessary atmosphere”. pic.twitter.com/MmPdCibfhl