Белгискиот голман со суперлативи зборуваше за новиот клуб.
Тимот на Челзи ова лето беше принуден да го продаде Тибо Куртоа, а потоа постави рекорд доведувајќи го младиот Аризабалага од Атлетик Билбао.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Куртоа одби да го продолжи договорото со лондонскиот клуб и имаше голема желба да се врати во Шпанија поради неговото семејство.
26 годишниот голман дебитираше во саботата кога Реал на свој терен со 4:1 запиша победа над Леганес, единствениот гол Куртоа го прими од удар од белата точка.
Потоа Белгиецот зборуваше за разликите помеѓу неговиот сегашен и поранешен клуб.
„Со сите одлично се сложувам, комуникацијата со одбраната е фантастична. На тренинзите забележувате дека овде нивото е екстремно високо. Од ден во ден гледам се повеќе сум убеден дека Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец во светот. Исто така нивото е многу повисоко од она во Челзи“, изјави Куртоа кој потоа го спореди и „Сантиаго Бернабеу“ со „Стенфорд Бриџ“.
„Двојно е поголем, секако дека чуството е поинакво. Ако погледнете пред себе, ќе видите еден огромен ѕид од луѓе, додека на „Стенфорд Бриџ“ можете да го видите небото или хотелот зад стадионот“, заврши Куртоа кој можеби и сакаше малку да ги испровоцира навивачите на неговиот поранешен клуб.