Прволигашите кои денес ги играа своите натпревари од Купот на Македонија немаа проблеми.
Шкендија лесно дојде до осминафиналето победувајќи го Кит-Го Пехчево со 0:2. Уште на самиот старт можеше да се види разликата во квалитетот. Прволигашот имаше асполутна контрола и доминираше на теренот, додека домаќинот само на моменти знаеше да се закани.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Резултатот беше отворен во 23. минута кога Аденис Шала беше навистинското место по едно нафрлување. Во продолжение на теренот гледавме само еден тим на теренот. Шкендија создаваше шанси, конечните 0:2 ги постави Дориев.
Шкупи против Велшта забележа минимална победа од 0:1. Натпеварот беше решен во првото полувреме со голот на Марко Ѓоргиевски.
Најубедлива победа денес запиша Борец кој со 1:4 славеше против Њу Старс.