Навивачката група „Војводи“ започнува акција за спас на Тетекс.
Тетекс се наоѓа во незавидна финансиска ситуација и има проблеми со неисплатени плати, па сега сега „Војводи“ повикуваат на купување карти по цена од 100 денари, а објавена е и сметка за донации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Почитувани тетовчани, Војводи, Македонци… ТЕТЕКС НЕ ВИКА!
Нашата фудбалска икона, како никогаш досега е на работ на бездната, оставен сам на себе, да тоне и да пропаѓа.
Низ историјата сме сведоци на многубројни успеси, но и падови. Дојде моментот кога треба сите заедно и сплотено како едно да донираме за спас на ФК Тетекс. Наша должност е да подадеме рака за спас, за Teтово, за македонштината, за идните тетовски генерации!
Во таа насока, упатуваме повик до сите оние кои се љубители на спортот, кои го сакаат фудбалот, а пред се кои го сакаат ТЕТЕКС да помогнат така што ќе купат билети за преостанатите 7 натпревари до крајот на првата полусезона. На овој начин, секој од нас со симболични 100 денари да помогне на клубот во овие тешки денови на финансиска неиздржливост. Имено, картата за еден натпревар чини 100 денари, а може да се купат бесконечно многу карти согласно вашата финансиска можност.
Во истата насока, отворивме и наменска жиро сметка чија цел е спас за Тетекс!
Број на сметка: 240190116799126
УНИ Банка
Цел на дознака: спонзорство за спас на ФК Тетекс.
Картите може да се купат од нашите членови, како и на следниве места:
Simple Caffe
Ресторан Гајба
Sportlife кладилница (тетовчанка)
Двор 21
Ресторан Принц
Бела МИА
Vibe“