Tренерот на Барселона, Роналд Куман (58) сака долги години да работи во каталонскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Холанѓанецот во август минатата година седна на клупата на Барселона на местото на Кике Сетиен, но игрите на Барселона под водство на 58-годишниот стратег не беа импресивни.
Сепак, раководството на клубот ова лето одлучи да му даде поддршка и се најавува дека Куман би можел да ја продолжи соработката и после летото 2022 година.
„Јас сум човек на клубот. Размислувам на Барселона повеќе отколку на себе. Би сакал да останам тука долги години и да ги водам новите генерации кои доаѓаат. Благодарение на одлуките кои ги донесовме Барса има светла и иднина и се надевам дека ќе бидам тука во наредните три, четири или пет години“, изјави Куман.
Куман ја водеше Барселона вкупно на 57 натпревари и има учинок од 36 победи, 11 порази и 10 нерешени натпревари.