Дома Фудбал Куман казнил четворица играчи, морале да тренираат со Барселона „Б“

Куман казнил четворица играчи, морале да тренираат со Барселона „Б“

Роналд Куман го изгуби своето прво „Ел Класико“ како тренер на Барселона. Реал на „Камп Ноу“ победи со 1:3.

Куман за денес планирал тренинг од 11 часот во спортскиот комплекс на Барселона, но во последен час одлучил да го откаже и на своите играчи да им даде слободен ден.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, нема сите првотимци да бидат слободни. Казнети се четворица и тие ќе мораат да тренираат со екипата на Барселона „Б“.

Казнети на ваков начин биле Рики Пуиг, Карлос Алења, Жуниор Фирпо и Матеус Фернандеш, додека на списокот го нема Роналд Араухо кој ќе игра во Лигата на шампионите против Јувентус после суспензијата на Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…