Роналд Куман не прифаќа помала оштета и од Барселона си ја бара целата сума од 12 милиони евра која стои во договорот.
Во лошата финансиска ситуација која се наоѓа Барселона тоа е товар за клубот и претседателот Лапорта. Каталонците се обиделе да преговараат за помала сума, меѓутоа Куман не сакал да слушне за било какво намалување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со таквиот потег Куман би можел да и направи проблем на Барселона со доведувањето на Чави кој се очекува да биде негов наследник ако не се случи некаков пресврт. Веќе не се крие дека Барселона е во сериозни преговори со својата легенда и неговиот клуб Ал Сад. Сепак, дел од медиумите во Шпанија денес пишуваат дека во Барселона не можат да си дозволат да го доведат Чави и во исто време да го исплатат Куман.
Проблем секако се финансиите, а доаѓа и јануарскиот преоден рок во кој во таква ситуација тешко дека би можела Барселона некого да доведе.