Дома Фудбал Куман: Другите тимови треба да бидат среќни што ќе играат против Јувентус и Барселона

Куман: Другите тимови треба да бидат среќни што ќе играат против Јувентус и Барселона

Тренерот на Барселона, Роналд Куман денес зборуваше за ривалите во групната фаза од Лигата на шампионите каде што неговиот тим ќе игра против Јувентус, Динамо Киев и Френцварош.

За Куман нема дилеми, Барселона и Јувентус се тимовите кои мораат да се пласираат во следната фаза.

„Треба да бидеме реални и да сме задоволни од ждребот. Барселона и Јувентус се најдобри во групата. Другите тимови треба да се среќни што ќе играат со нас и Јувентус. Изговори не смее да има, Јувентус и Барса мораат да се пласираат понатаму“, изјави Куман.

Натпреварот помеѓу Барселона и Јувентус привлекува посебно внимание поради дуелот на Меси и Роналдо, но и средбата на Артур и Мело со своите поранешни клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не забавува ни на 39: Со мајсторија донесе пресврт и второ место за Интер Мајами

Аргентинецот асистираше, па погоди во 83. минута за победа од 2:1 кај Њу Ингланд. Сезонава…