Бившиот тренер на Барселона, Роналд Куман ја коментираше ситуацијата со Мемфис Депај и Френки де Јонг, играчи кои Барселона ги продаде.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Куман му порача на актуелниот тренер Чави дека ако сака да го подобри тимот не треба да се откажува од такви играчи.
„Со Френки и Мемфис имам постојан контакт. Знам во каква ситуација е Френки, но тој пред неколку дена изјави дека сака да остане. Намерата му е да продолжи да игра во Барселона и ништо друго“, изјави Куман.
„Барселона традиционално секогаш ги задржувала најдобрите играчи. Ако сакаш да напредуваш тогаш не треба да продаваш играч како Де Јонг. Исто така мислам и за Мемфис кој покажа дека е играч на нивото на Барса. Сега прашање е дали Чави го сака или не, но нема сомнеж дека е на нивото на клубот“, заклучи Куман.