Дома Фудбал Куман: Де Јонг е многу поопасен пред голот од Нејмар

Куман: Де Јонг е многу поопасен пред голот од Нејмар

Барселона вчера го претстави својот нов напаѓач, Лук Де Јонг кој дојде во последниот ден од преодниот рок како позајмен играч од Севиља.

Холанѓанецот во Барселона ќе работи со својот сонародник, Роналд Куман кој за него има само пофални зборови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Лук е поинаков напаѓач од тие што го имаме. На управата за него им зборував уште минатата сезона, сакам да имам различен тип на напаѓачи. Лук е многу поопасен од Нејмар во нападот затоа што знае подобро да изреагира пред голот после додавање од соиграчите“, смета Куман.

Во Барселона Де Јонг пристигна откако се реализираше трансферот на Гризман во Атлетико, Барса има право да го откупи неговиот договор идното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…