Дома Фудбал Останато Куман: Гризман не е крилен играч, Де Јонг го видов на позиција на која јас никогаш не би го ставил

Куман: Гризман не е крилен играч, Де Јонг го видов на позиција на која јас никогаш не би го ставил

Новиот тренер на Барселона Роналд Куман зборуваше за франскиот напаѓач Антоан Гризман.

Куман ја превзема екипата на Барселона и пред него е многу работа за оваа екипа да ја врати на победничките патеки после бурната и неуспешна сезона. Ќе има многу промени во играчкиот кадар, многумина ќе заминат, но на Гризман Куман ќе смета и во наредниот период.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега новиот стратег на Барселона ги образложи плановите со поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид.

„Со сета почит, Гризман не е крилен играч. Треба да игра таму каде што играл цел живот и каде што е најдобар. Затоа мислам дека за еден тренер најважно е да ги познава своите играчи и да знае како да го извлече најдоброто од нив. Тоа почнува така што ќе ги стави на нивните приордни позиции“, изјави Куман.

Исто така потврди дека Френки Де Јонг во формацијата 4-3-3 нема да игра како централен играч за врска.

„Мојата идеја е Френки да игра како во Ајакс и репрезентацијата на Холандија. Еден ден бев во Барселона да гледам натпревар и го видов дека игра на позиција на која јас лично никогаш не би го ставил. Мислам дека Френки претходно во Ајакс и во репрезентацијата на Холандија покажа која позиција најмногу му одговара“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…