Дома Трансфер зона „Куман го сака Салах и Салах сака во Барселона – не прашувајте од каде ми се информациите“

„Куман го сака Салах и Салах сака во Барселона – не прашувајте од каде ми се информациите“

Во периодот кога низ медиумите најмногу се пишуваше за незадоволството на Меси и неговата желба да ја напушти Барселона се појави и информација дека него може да го наследи Мохамед Салах.

Трансфер на Салах во Барселона во овој момент не изгледа како реална опција, меѓутоа еден од најдобрите пријатели на Роналд Куман, Сјак Сварт тврди дека Салах сака да се пресели во Барселона. Меѓутоа тој во изјавата не појаснува дали станува збор за овој преоден рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Куман го сака Салах и тоа многу добро го знам, но знам и дека Салах сака да дојде во Барселона. Сега не прашувајте, не смеам да ви кажам од каде ми се информациите. Повеќе детали нема да ви кажам ама верувајте ми дека ова што го зборувам е така“, изјави Сварт.

Инаку Салах за викендот одлично ја стартуваше сезоната во Премиер лигата постигнувајќи хет-трик против Лидс. Со тоа тој стана првиот играч на Ливерпул после 1988 година кој постигнал хет-трик на отварањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…