Барселона ја чека тежок распоред во наредните три кола во Ла Лига, а многумина сметаат дека тешко Куман ќе се задржи на клупата по овој период.
Шпанските медиуми констатно го селат од клупата, иако критиките малку се смирија после победата против Леванте од 3:0 минатиот викенд. Сега Куман, пред натпреварот во Лигата на шампионите против Бенфика призна дека во овој момент Барселона тешко ќе го одржи чекорот со најдобрите во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да бидеме реални, со сите промени кои ги направивме во екипата тешко е да држиме ќекор со големите тимови“, изјави Куман.
Роналд Куман Барселона ја презема во август минатата година. Екипата ја водеше на 61 натпревар и има учинок од 37 победи, 12 нерешени натпревари и 12 порази.