Тренерот на Барселона, Роналд Куман очекува дека натпреварот против Реал Мадрид ќе биде исклучително тежок за неговиот тим.
Реал Мадрид во лоша форма доаѓа на „Камп Ноу“, но Куман верува дека „кралевите“ ќе бидат силно мотивирани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„На последните два натпревари, Реал можеби нема постигнато добри резултати, но тоа не значи дека немаат самодоверба. Тие имаат многу искусни фудбалери и знаат дека мора да го добијат натпреварот по двата порази. Не мислам дека она што се случува во последно време ќе влијае на нив. Кога правите грешки, сакате да се подобрите. Не очекувам да го видам Реал ранлив“, изјави Куман.
„Натпреварот против Мадрид е секогаш специјален за нас. Сакаме да направиме чекор напред и да добиеме самодоверба за да покажеме дека сме на вистинскиот пат. Натпреварот ќе биде изедначен. Двете екипи имаат голема класа и искуство. Овие натпревари се решаваат со детали како што е поседот на топка или пресингот против противникот“, додаде Холанѓанецот.
❝There's always a lot of pressure ahead of this match.❞
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 23, 2020
– @RonaldKoeman, on his first #ElClásico as manager pic.twitter.com/bkcU7BDWow