Анел Амелхоџиќ е релативно непознат фудбалер за овие простори.
Амелхоџиќ ги мина сите младински селекции на Шведска, а кога требало да настапи за А репрезентацијата тој се решил да ја избере Босна и Херцеговина од каде и што има потекло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа ситуација шведските медиуми ги потсети на ситуацијата со Дејан Кулушевски кој иако имаше можност да ја избере нашата репрезентација, но се реши место за Македонија да игра за Шведска. Кулушевски беше дел од некои младински категории на Македонија сепак за сениорите ќе настапува за Шведска. Затоа тие побараа коментар од Кулушевски на оваа тема.
„Мене ми беше лесно да ја изберам Шведска пред Македонија. Сакав да играм за Шведска. Каква била ситуацијата Амелхоџиќ и зошто ја избра Босна не знам, тој знае најдобро. Ако мисли дека тоа за него е најдобро тогаш така нека биде. Некогаш е тешко да заборавиш од каде потекнуваш“, изјавил Кулушевски.