Капитенот на Металург Филип Кузмановски беше еден од најзаслужените за резултатскиот пресврт на средбата против Црна Гора. Неговата игра ја оцени и ЕХФ, која го прогласи за најдобар играч на натпреварот.

Знаевме дека, ако не го добиеме натпреварот со Црна Гора, ќе се вратиме во Скопје, па затоа на полувреме се договоривме и одигравме максимално. Среќен сум што добро ја искористив шансата дадена од селекторот и дека со мојата игра му помогнав на нашиот тим да стигнеме до оваа значајна победа. Ова не е тенис, ова е ракомет, тука сите победуваме. Се договоривме дека ќе одиме чекор по чекор, и така ќе биде и понатаму. Ни следува натпреварот со Германија, ако успеме да ја победиме тоа ќе биде многу голем успех за нас. Меѓутоа не треба да летаме во облаци, туку со ладни глави да одиме чекор по чекор“, изјави по средбата Филип Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…