Дома Македонски спорт Мак ракомет Кудуз: Алборг ќе сака да ни се реваншира за поразот во Скопје

Кудуз: Алборг ќе сака да ни се реваншира за поразот во Скопје

Aнте Кудуз после паузата поради повреда се врати во тимот на Вујовиќ и ќе биде во ростерот за утрешниот натпревар со Алборг на гостински терен.

Во минатото коло Вардар беше поразен од Монпелје дома, а хрватскиот бек смета дека таа „шплакница“ може да донесе нешто позитивно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Алборг сигурно ќе сака реванш за поразот во Скопје. Ние доживеавме еден „ладен туш“ против Монпелје и можеби таа „шлканица“ ќе донесе нешто позитивно, ќе биде причина да се разбудиме. Натпреварот утре сигурно ќе биде различен од оној во Скопје. Верувам дека сега се подобро подготвени, а и ние знаеме добро како играат. Поради тоа не очекувам многу тактички изненадувања“, изјави Кудуз.

Натпреварот помеѓу Вардар и Алборг се игра утре од 18:45 часот, а Вардар ќе биде без Борко Ристовски кој пријавил здравствени проблеми.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…