По заминувањето на Даниел Стојановски, Слога Виница брзо пронајде ново решение за клупата, на кормилото на овој клуб седнува Крсте Крстев.
„Почитувана фудбалска јавност во Виница и пошироко,навивачи и симпатизери на ФК Слога1934 Виница сакаме да ве информираме дека за нов Шеф на Стручниот Штаб на ФК Слога1934 Виница е назначен Крсте Крстев, тренер кој што веќе денес го одработи и првиот тренинг со екипата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено Крсте Крстев е тренер кој во минатото ја има водено нашата екипа и со голем успех ја внесе во втората лига, истиот претходно има работено како шеф на стручен штаб во екипи како што се Детонит, Кам.Саса, Осогово итн. Се работи за млад фудбалски стручњак со А лиценца кој е полн со ентузијазам и желба за работа“, соопштија од клубот.
Своја изјава по потврдата даде и самиот Крстев.
“Би сакал да и се заблагодарам на Управата на ФК Слога1934 Виница за укажаната доверба и можност да повторно работам во клуб со кого испишав историја и ветувам дека ќе се вложам максимално и ќе дадам се од себе истата да биде оправдана, не чека многу работа но се надевам ќе ја израдуваме виничката публика со одлични резултати!“, изјави Крстев.