Без шанси за гол, без идеја, без шампионска игра, таква Германија гледавме во вчерашниот пријателски натпревар против Бразил.
„Кариоките“ ги совладаа Германците минимално со 1:0, единствениот гол на натпреварот го постигна фудбалерот на Манчестер Сити, Хесус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По натпреварот самокритичен беше играчот за врска на Германија, Тони Крос.
„Во овој натпревар можевме да видиме дека баш и не сме толку добри како што другите мислат. Некои од нас треба добро да рамислат. Се разочаравме самите себе. Не влегувавме во дуели со Бразилците, а на теренот имаше играчи кои се однесуваа како да се на пикник“.
„После овој натпревар треба да сите да ни биде јасно дека не чека уште многу работа доколку сакаме да ја одбраниме титулата, подобро е што изгубивме сега отколку во Русија“, изјави Крос.