Дома Фудбал Крос: Реал Мадрид е подготвен за уште една титула во Лигата на шампионите

Крос: Реал Мадрид е подготвен за уште една титула во Лигата на шампионите

Реал Мадрид во последно време започна да ја подига својата форма, а еден од најискусните фудбалери во тимот на „кралевите“, Тони Крос верува дека неговиот тим е подготвен за нова титула во најелитното европско натпреварување.

Шпанскиот гигант има неверојатна серија како ниту еден клуб претходно – три титули во низа во Лигата на шампионите, а Крос е убеден дека можат да стигнат и до четвртата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот предизвик за Реал во нокаут фазата е холандски Ајакс против кој првиот натпревар ќе го играат вечерва.

„Очекуваме Ајакс да игра против нас со максимална мотивација, тоа е нормално. Против Баерн покажаа колку можат да бидат опасни. Меѓутоа во последните години во Лигата на шампионите секогаш бевме максимално подготвени и фокусирани. Доколку не беше така немаше да ја освојуваме титулата три години во низа. Верувам дека и оваа година можеме да се најдеме на тронот. Во добро расположение го дочекуваме овој натпревар, но не го потценуваме Ајакс“.

Првиот натпревар од двомечот се игра во Амстредам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…