Дома Трансфер зона Крос проговори за својата иднина: Не можам да замислам трансфер во Англија

Крос проговори за својата иднина: Не можам да замислам трансфер во Англија

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос проговори за својата иднина и истакна дека сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“ до крајот на договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот интернационалец беше многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед во летото 2014 година, но на крајот избра да замине во „кралскиот“ клуб, а сега вели дека не може да замисли трансфер во Англија.

„Јас имам договор уште три години со Реал Мадрид и дефинитивно размислувам да го исполнам. Тогаш ќе наполнам 33 години и ќе биде добро време да видам на какво физичкото ниво сум, како сум мотивиран и дали се уште сакам да продолжам. Ако се уште сум на доволно добро ниво и ми се нуди да останам уште една година, би можел да се согласам. Но, трансфер во Англија, во првенство кое е бара многу на физички план, не можам да замислам како ќе го направам тоа на 33 години“, истакна Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…