Дома Фудбал Крос после освоената титула се почести со – бургер и помфрит! (ФОТО)

Крос после освоената титула се почести со – бургер и помфрит! (ФОТО)

Вчера Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 и така на едно коло пред крајот ја обезбеди 34. титула во Шпанија.

Реал заслужено го освои првенството во Шпанија, а фудбалерите на Реал по последниот судиски свиреж започнаа да слават иако овој пат тоа беше нешто поинаку затоа што немаше навивачи.

Свој начин на прослава имаше и Тони Крос кој се опушти па си нарачал бургер со помфрит. Под фотографијата тој стави опис: Шампионска вечера.

По неговата објава следуваа и коментари од навивачите кои му порачуваа дека со таква храна многу брзо може да се претвори во Азар, алудирајќи на проблемите со тежината на Белгиецот.

View this post on Instagram

Champions dinner

A post shared by Toni Kroos (@toni.kr8s) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…