Тони Крос, германскиот фудбалер кој игра за Реал Мадрид поради повреда ќе биде надвор од терените околу еден месец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Минатата недела Крос во натпреварот против Сосиедад заработи повреда и им се придружи на Бејл, Асенсио и Диаз, на кој исто така не може да смета Солари, а сега е објавено и колку долго ќе мора да паузира.
Имено, деталните лекарски прегледи покажаа дека поради повредата ќе мора да паузира месец дена, што го потврди и европскиот и светски шампион.
Крос ќе ги пропушти натпреварите со Бетис, со Леганес во Кралскиот куп, потоа со Севиља, Еспањол и Алвес во Примера, а останува прашање дали ќе биде спремен за дербито со Атлетико кое е на распоредот на 10. февруари.