Дома Фудбал Крос: Конечно немам болки и чувството е неверојатно

Крос: Конечно немам болки и чувството е неверојатно

Тони Крос откри низ каков пекол минал во претходните неколку месеци, но и дека сега конечно се чувствува одлично.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германецот направи пауза затоа што повеќе од половина година играше со болки. Тој одработи неколку тренинзи со остатокот од екипата и се очекува наскоро да биде дел од неа.

Уште во март почнав да чувствувам болки, но не можев да направам пауза затоа што ме чекаа обврски. Бев три недели на одмор и верував дека ќе поминат болките, но тоа не беше така. Сега сум конечно подготвен, немам болки и чувството е неверојатно“, вели Крос.

Крос, Модриќ, Камавинга, Валверде, Касемиро се дел од пеколниот среден ред на „кралевите“ кои оваа година на чело со Карло Анчелоти делуваат многу добро. Реал е лидер со 17 освоени бодови, а во Лига на шампиони стартуваше со победа над Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…