Месут Озил доби јасна порака од неговиот довчерашен соиграч од репрезентацијата.
Тони Крос зборовите на Месут Озил ги нарече глупости.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сигурно дека Месут многу направи за репрезентацијата и дека заслужи многу подобар начин со повеќе респект. Но, зборува глупости. Во тимот и во федерацијата никогаш не постоел расизам, нема смисла да наведува такво нешто како причина“.
„Го прочитав соопштението, некои работи се вистина, но останаа во сенка на навистина неверојатни и неточни тврдења“, потенцираше Крос.
Потоа потврди дека тој останува дел од селекцијата.
„Да ќе играм и во 2020 разговарав сос електорот, нема да заминам на ваков начин и сакам да бидам покрај Лев и да му се заблагодарам за се што направи за мене“, изјави играчот за врска.