Играчот за врска на Реал Мадрид Тони Крос даде интересна изјава после мечот со Гетафе во првото коло од Примера.
Крос ги одигра сите 90 минути во победата над Гетафе, а после мечот очигледно беше многу уморен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Посреќен сум од колку што изгледа, но јас обично спијам во ова време“, изјави Крос.
Очигледно Германецот испрати порака до челниците на Примера, бидејќи мечот помеѓу Реал Мадрид и Гетафе започна доцниот вечерен термин од 22:15 часот.
I am happier then it seems, but usually I am asleep at this time. pic.twitter.com/MWy9W9URry
— Toni Kroos (@ToniKroos) August 19, 2018