Во Вардар има проблеми и тоа на сите им е јасно, а Даинис Криштопанс во изјава за летонските медиуми тоа само го потврди.
Криштопанс за финансиските проблеми на Вардар зборуваше пред летонските медиуми. Тој посочи дека проблемот се решава, но бавно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„И оваа сезона продолжија финансиските проблеми кои започнаа минатата сезона. Вардар должи многу, скоро на сите ракометари, на некого повеќе, на некого помалку. Проблемите бавно се рашваат, се во клубот оди многу бавно“.
Потоа тој зборуваше за освојувањето на титулата во ЛШ минатата сезона.
„Во Келн бевме аутсајдери, но тоа што е на хартија не излегува секогаш точно. Се издигнавме над проблемите и победивме. Никогаш нема да го заборавам враќањето во Скопје кога бевме пречекани како национални херои“, изјави Летонецот.
Инаку, Вардар денес ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите со натпреварот против Кил на гости. Ова ќе биде прв натпревар во Лигата на шампионите за Стевче Алушовски како тренер на Вардар, па ќе видиме дали има некакви промени во однос на првиот дел од сезоната кога најголем проблем беше одбраната.