Дома Фудбал Англија Критики пристигнуваат од сите страни: Некои одбранбени играчи на Јунајтед се за во Чемпионшип

Критики пристигнуваат од сите страни: Некои одбранбени играчи на Јунајтед се за во Чемпионшип

manchester

Aктерот и поранешниот фудбалер нема добро мислење за одбраната на Манчестер Јунајтед.

Maнчестер Јунајтед ја заврши една од најлошите сезони во историјата на овој клуб, а сега клубот ќе мора добро да го одработи преодниот рок за навивачите да не доживеат уште едно разочарување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ на најлош начин ја завршија оваа сезона бидејќи беа поразени пред своите навивачи од Кардиф кој се прости од Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед така им приреди разочарување на навивачите за крај на сезоната кои се бесни поради резултатите на клубот во последната година.

Посебни критики добива одбраната на Манчестер Јунајтед, а сега на оние кои ги критикуваат играчите од последната линија на овој тим на „ѓаволите“ им се приклучи Вини Џонс.

„Дефанзивата е шокантна во последните неколку месеци. Дефинитивно има неколку од нив кои мораат да си заминат. Некои од нив се за послаби тимови, можеби дури и за тимови кои играат во Чемпионшип“, изјави Џонс.

На кого мислеше?

Виктор Линделоф барем засега е промашување, Бејли исто така, Џонс од време на време е одличен, додека Смолинг е во многу лоша форма и е целосно непрепознатлив. Ремонт е потребен, Вини Џонс има право Манчестер Јунајтед со ваква одбрана не може многу да очекува.

Од останатите фудбалери Ерера потврди дека заминува, а допрва ќе се одлучува за иднината на Лукаку, Санчез, Погба, Де Геа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го сруши рекордот на Серхио Агуеро: Заигра професионален фудбал на 14 години!

Фудбалерот на Депортиво Риестре Матео Аполонио стана најмладиот професионален фудбалер во …