Aрсенал ја продолжи добрата серија и против Норвич уште еднаш се покажа дека Микел Артета конечно успеа да го извлече од тимот она што го посакуваше од кога пристигна.
Поведе Арсенал во шестата минута со голот на Сака, Тирни зголеми на 2:0 во финишот на првото полувреме. Во второто Сака со својот втор гол обезбеди 3:0, а до крајот Лаказет и Смит Роу ги поставија конечните 5:0.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа во центарот на вниманието после натпреварот се најде Гранит Џака кој доби критики за еден потег од финишот на мечот. Една долга топка Џака одлучи да ја прими со грб, а тоа им засмета на играчите и навивачите на Норвич. Тие сметаат дека овој потег на Џака е омаловажување на противникот.
Norwich City need to get relegated for this alone. Xhaka is probably the last player I’d imagine doing that. Man stealing souls out there with his 6-star skills 😂😂 #NORARS #COYG pic.twitter.com/b0L6vWJ2wa
— Vibintha Abishek (@Vibi_Abishek) December 26, 2021