Легендата на југословенската кошарка, Зоран Славниќ испрати жестоки критики на сметка на Никола Јокиќ.
Славниќ го обвини најдобриот кошаркар во моментов дека е неверојатно колку пати одбил за Србија и дека му недостасува чувство на патриотизам.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не ми е јасно како не му работи срцето да игра за својата земја. Од пет пати колку што беше поканет, тој четири пати одбиваше. За мене таквото отсуство на патриотизам е несфатливо“, изјави Славниќ.
Неговите играчки квалитети не ги оспорува.
„Кога во прашање се неговите играчки квалитети, тука нема ништо спорно. Страшнно е колку добар на теренот, паметен и креативен. За жаќ тоа не го пренесува во дресот на Србија“, истакна Славниќ.