Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин денес работи како стручен коментатор на „Скај Спорт“ и го анализираше вчерашното реми на Тотенхем и Манчестер Јунајтед (1:1).
Јунајтед во Лондон едвај извлече бод, со голот од пенал на Бруно Фернандеш во 81. минута. Кин посебно беше лут на Де Геа кој прими необичен гол по шутот на Брајтвајт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Шокиран сум поради тој гол. Сум видел многу работи во фудбалот, но болно е да се прими таков гол. Не можам да верувам дека тоа му се случи на Манчестер Јунајтед. На Мегваер и Де Геа не би им дозволил да влезат во автобус по натпреварот, ќе се враќаа со такси во Манчестер. Треба да им биде срам поради тоа како одиграа“, порача Кин.