Дома Топ вести Кристиано Роналдо го очекува ШОКАНТНА казна!

Кристиано Роналдо го очекува ШОКАНТНА казна!

Огромна казна од најмалку 30 милиони евра ќе плати Кристиано Роналдо, ако судот во Шпанија потврди дека е виновен по обвинението за кое се терети, пренесува „АС“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, ѕвездата на Реал Мадрид е под обвинение дека затаил данок од 14,8 милиони евра за своите имиџ права во периодот од 2011 до 2014 година.

Обвинителството тврди дека осојувачот на „Златната топка“ ги користел услугите на офшор компании од Девствените острови, за да затајува даноци. Има четири обвиненија, по едно одделно за 2011, 2012, 2013 и 2014 година.

За секое од нив е предвидена казна затвор од 2 до 6 години, меѓутоа обвинителството ќе настојува за општа казна затвор од 7 години.

Покрај казната од 30 милиони евра, Роналдо ќе мора да ги плати споремантите 14,8 милиони евра за кои се терети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Слот го одбил Фулам, сака да биде селектор: Еве на која репрезентација!

Арне Слот го напушти Ливерпул и иако примил неколку понуди, не е подготвен да прифати сека…