Дома Фудбал Останато Кристиано Роналдо вечерва испишува историја

Кристиано Роналдо вечерва испишува историја

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо на вечерашниот натпревар против Ал Ријад ќе го одигра 1200. натпревар во кариерата.

По тој повод неговиот сегашен клуб Ал Наср ќе организира посебна прослава на која се очекува на трибините да има 25.000 навивачи кои ќе го одбележат историскиот натпревар во богатата кариера на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


37-годишниот Роналдо доколку вечерва четири пати ја затресе мрежата на противникот може да стигне до уште едно историско постигнување, а тоа е да стигне до бројката од 900 погодоци.

Роналдо за Спортинг Лисабон одигра 31 натпревар и постигна пет гола. Потоа следува трансфер во Манчестер Јунајтед (346 меча и 145 погодоци), а кариерата ја продолжи во Реал Мадрид (438/450).

Во дресот на Јувентус на 134 дуели, 101 пат се запиша меѓу стрелците и како играч на Ал Наср има 45 настапи со 38 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…