Дома Топ вести Кристиано на своите блиски: Не може Меси да заработува повеќе од мене!

Кристиано на своите блиски: Не може Меси да заработува повеќе од мене!

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо настојува клубот да му даде нов договор со подобрени финансиски услови.

Откако вчера весникот „АС“ објави дека Роналдо се чувствува измамен од претседателот Перез кој одбива да му понуди нов договор, денес каталонскиот „Мундо Депортиво“ ја продолжи сторијата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Весникот исто така тврди дека Роналдо негодува поради фактот што заработува многу помалку од Меси и притоа ги цитираат неговите зборови кои им ги поверил на своите најблиски.

„Непочитување е Меси да заработува повеќе од мене. Јас треба да бидам најплатен како најдобар фудбалер во светот. Постојано ми викаат ’утре, утре’. Не станува збор за пари, туку за статус“, им рекол Роналдо на своите пријатели.

Според медиумите Роналдо годишно добива 21 милион евра од Реал Мадрид, а Меси во Барселона заработува двојно повеќе. Нејмар исто така има поголема плата и заработува 35 милиони по сезона во ПСЖ.

Португалецот смета дека финансиската разлика со другите две ѕвезди е премногу голема и не одговара на неговата класа, па поради тоа е лут на раководството на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…