Дома Фудбал Германија Криза во Дортмунд: Борусија отпушти 11 фудбалери

Криза во Дортмунд: Борусија отпушти 11 фудбалери

Фудбалот веќе цели два месеци е стопиран, па клубовите претрпеа големи загуби. Запрените приходи од билетите, спонзорите, им донесоа големи проблеми на клубовите кои мораа да започнат со намалување на трошоците за да ја одржат стабилноста.

Поради финансиската криза „милионерите“ решиле да им поделат откази на фудбалерите за кои сметаат дека немаат перспектива во Дортмунд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога ќе помине кризата и кога Борусија ќе го стабилизира финансиското работење, тогаш клубот ќе донесе нови играчи на местата на 11 играчи кои добија откази.

Отпуштени се Јонас Хупе, Јан Рекерт, Лусиен Хаврилук, Стивен Рупрехт, Доминик Ванер, Жозеф Бојамба, Ариф Ет, Стив Тунга, Јано Бајман, Емре Ајдинел и Џанлука Ризо.

Оваа реакција на Борусија е малку изненадувачка затоа што тие не решија да ги намалат платите на играчите на првиот тим, но се падна на грбот на вториот тим чиј тренер Мајк Тулберг сега е оставен со само 17 играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…