Дома Топ вести Крај по 12 години: Де Геа го напушти Манчестер Јунајтед!

Крај по 12 години: Де Геа го напушти Манчестер Јунајтед!

По 12 години на „Олд Трафорд“, Давид Де Геа потврди дека заминува од Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот голман на социјалните мрежи се збогуваше со фановите.

„Само сакам да испратам проштална порака до сите навивачи на Манчестер Јунајтед. Би сакал да изразам благодарност за љубовта што ми ја дадовте во последните 12 години.

Постигнавме многу откако Сер Алекс Фергусон ме донесе во клубот, секогаш со гордост го носев дресот, го водев тимот, претставував еден од најголемите клубови во светот и таква чест немаат многу фудбалери“, објави Де Геа.

Нов голман на Манчестер Јунајтед би требало да биде Андре Онана, додека засега не е познато каде ќе продолжи Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…