Дома Македонски спорт Мак фудбал Крај на фудбалската сезона во Македонија – 10-ти јубилеен шампионски пехар за Вардар

Крај на фудбалската сезона во Македонија – 10-ти јубилеен шампионски пехар за Вардар

Со натпреварите од последното 36.коло заврши фудбалската сезона во Македонија, односно Првата лига (ПМФЛ).

Вардар е старо-новиот првак. 10-тиот јубилеен пехар за трофеите во независна Македонија. Вардарци ќе не претставуваат во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шкендија, Работнички и Пелистер ќе играат во квалификациите за Лига Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипите на Академија Пандев и Скопје ќе бидат новите прволигаши, на местата на Брегалница и Македонија ЃП кои се селат во Втората лига.

Која ќе биде последната екипа која следната сезона ќе игра во Првата лига ќе се знае по бараж дуелот меѓу Шкупи и Новаци.

Резултати од последното 36.коло во ПМЛ:
Вардар – Силекс 0-0,
Шкендија – Пелистер 3-1,
Брегалница – Работнички 6-2,
Победа – Ренова 0-3 и
Шкупи – Македонија ЃП 1-1.

Табела: Вардар 83 бода, Шкендија 70, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 52, Силекс 47, Победа 41, Шкупи 37, Брегалница 24, Македонија ЃП 23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…